Грабежи, насилиство, убиства… Што го тера човекот да го крши законот и да врши тешки престапи? Дали е во прашање тешкото детство, семејното и социјалното опкружување или, пак, тоа има научно објаснување и причината се крие во гените?

Нацистите сметале дека „криминалците со гени со понизок квалитет” имаат посебни белези. Се докажа дека тоа нема никаква смисла, иако некои нови истражувања покажуваат дека некои генетски одлики сепак може до извесен степен да ја зголемат склоноста кон насилство. Мајката на познатиот сериски убиец Чарлс Менсон, на пример, исто така имала криминално минато.

Но, гените, генерално гледано, не се одговорни за таквите карактеристики, туку за хемиските својства на мозокот. Кај најопасните криминалци, хормонот серотонин го има во исклучително ниски количества, па доколку во големиот мозок тоа ниво е доволно ниско, насилството излегува надвор од контрола.

Друг битен фактор се и душевните трауми од детството, причинети од физичко и сексуално злоставување. Во многу случаи стравот се претвора во агресија.

Резултатите посочуваат дека генетската предодреденост во комбинација со тешки емоционални и психички трауми од минатото можат да го насочат човекот кон криминал. Ген на криминалот, сепак, не постои.