Веројатно се случило пред 2,300 години, но мистеријата за смртта на Александар Македонски можно е конечно да е решена, тврди научник од новозеландскиот Универзитет од Отаго.
Катрин Хол, од тој универзитет смета дека античкиот владетел не починал од инфекција, алкохолизам или дека бил убиен, како што тврдат други. Таа смета дека страдал од невролошко пореметување Guillain-Barré Syndrome (GBS) (ретка автоимуна болест).
Во труд објавен во The Ancient History Bulletin, таа нагласува дека претходните теории за неговата смрт во 323 пр.н.е. не се доволно поткрепени бидејќи не е опишан целосниот настан.
-Имено, досега никој не обезбеди сеопфатен одговор што дава веродостојно и изводливо објаснување за фактот што – телото на Александар не покажало знаци на распаѓање шест дена по неговата смрт. Античките Грци мислеле дека тоа докажува дека Александар бил бог; овој напис е прв што дава одговор во реалниот свет, вели д-р Хол.
Со одложеното распаѓање на телото, 32-годишниот Александар имал треска; стомачна болка; прогресивна, симетрична парализа; и бил свесен до неговата смрт. Д-р Хол верува дека дијагнозата ГБС е добиена од инфекција со Campylobacter pylori (вообичаена во тоа време и честа причина за GBS). Повеќето аргументи околу причината на смртта на Александар се фокусираат на неговата треска и абдоменална болка. Таа верува дека тој добил невролошка варијанта на ГБС што предизвикала парализа, но без дезориентација или несвесност.
-Било и комплицирано да се утврди во тоа време причината за неговата смрт бидејќи се потпирало на присуството на здив, наместо на пулсот, вели таа.
Овие тешкотии, заедно со типот на парализа на неговото тело (најчесто предизвикани од GBS) и намалена потреба за кислород, ја намалиле фичичката видливост на неговото дишење. Можен пад на авторегулацијата на температурата на неговото тело, и неговите зеници да станат фиксирани и проширени, исто така укажуваат на зачувување на неговото тело што не настанало поради чудо, туку затоа што тој не бил мртов.
-Сакав да поттикнам нови дебати и дискусии и можеби да ги преработиме историските книги, тврдејќи дека вистинската смрт на Александар била шест дена подоцна од претходно прифатената. Неговата смрт можеби е најпознатиот случај на pseudothanatos, или лажна дијагноза на смртта, некогаш искажана, вели таа.
Д-р Хол верува дека луѓето се уште се заинтересирани за Александар, бидејќи тој бил психички сложена и комплицирана личност која се сметала за воин херој.
Постојаната мистерија за неговата причина за смртта продолжува да го привлекува и јавниот и интересот на научната заедница.
– ГБС дијагнозата за причината за неговата смрт е тоа што објаснува толку многу, инаку различни, елементи и ги прави во кохерентна целина, наведува таа.