Истражувањата, спроведени во лабораторијата за медицинско- биолошки технологии НИИ за индустриска и морска медицина (Москва), станаа вистинска сензација. Научниците експериментално докажаа дека крсниот знак ги убива микроорганизми и ги менува оптичките својства на водата.

„Потврдивме дека древниот обичај да се крстат храната и пијалокот пред оброк, има длабоко мистично значење “, вели физичарката Ангелина Махаловска. „Зад тоа се крие практична корист: храната се чисти буквално во еден момент. Тоа е големо чудо кое се случува буквално секој ден “. Своите истражувања за моќта на крсниот знак ги спроведува речиси 10 години. Беа спроведени голем број експерименти, кои се повеќе пати проверени, пред да бидат објавени нивните резултати.

Тие се феноменални: откриени се уникатни бактериолошки својства, кои водата ги поседува по осветувањето со молитва и крсниот знак. Откриена е нова, претходно непозната карактеристика на Божјото Слово да ја трансформира структурата на водата, значително зголемувајќи ја нејзината оптичка густина во кратка или ултравиолетова спектрална област. Самата можност на тие истражувања за Ангелина Малаховскаја и нејзините колеги, станаа чудо- тие не беа финансирани, ниту пак беа предмет на истражување на НИИ. Но, научниците најголемиот дел од работата ја направија бесплатно – само за да им дадат на луѓето можност да ја почувствуваат и да ја увидат исцелителната моќ на Божјата сила.

Научниците го проверија влијанието на молитвата „Оче наш“ и крсниот знак на патогени бактерии. За истражувањето, земени се примероци од различни сливови – бунари, реки, езера. Сите примероци содржеле златна стафилокока и уште една секогаш присутна бактерија. Но, се покажало дека по читањето на молитвата „Оче наш“, заедно со крсниот знак,  таа количина на штетни бактерии се намалила за 7, 10, 100, па дури и повеќе од 1000 пати!

Според условите на експеримент – поради исклучување на влијанието на можното сомневање – молитвата ја читале и верници и неверници, и покрај се, бројот на патогени бактерии во различни средини (со различни видови на бактерии) се намалувал во споредба со контролните вредности. Забележано е, исто така, и благотворно влијание на молитвата и крсниот знак на човек – кај сите испитаници се стабилизирал притисокот, како и подобрување на резултатите од анализите на крвта. Интересен е фактот што показателите се менувале во точно потребен правец за исцелување: кај оние со низок притисок се зголемувал, а кај оние со хипертензија се намалувал.

Забележано е и дека ако човекот се прекрстува невнимателно, неправилно спојувајќи ги трите прста, или неправилно ги допира точки на телото (средината на челото, централниот дел над стомакот, како и на десното и левото рамо, тогаш позитивниот резултат на дејството бил многу помал или воопшто го немало. Научниците ја измериле оптичката густина на водата и по нејзиното прекрстување со крстен знак и осветувањето.

„Се покажа дека оптичката густина на водата во споредба со нејзината нормална вредност се зголемува по осветувањето”, објаснува Ангелина Малаховска. „Ова значи дека водата како да ја „разликува” смислата на изговорените зборови на молитвата над неа, го „памти“ тоа влијание и го задржува за одредено време, што може да се види со зголемената оптичка густина. Таа како да се „напојува” со светлина. Човечкото око не може, се разбира, да ги види тие исцелителни промени во структурата на водата, но спектрографот дава објективна проценка на овој феномен “.

Крсниот знак ја менува оптичката густина на водата практично во моментот. Оптичката густина на водата, која се осветува со крстен знак од обичен верник, се зголемува речиси 1,5 пати! А кога тоа го прави свештеник- речиси 2,5 пати! Заклучокот е дека водата „го разликува” степенот на освтување од мирјанин или свештеник, чии прсти од десната рака се собрани за благослов така што ги образуваат првите букви од името на Христос.

Интересно е резултат на осветување на вода од страна на крстен, но човек кој не верува, кој не носи крст на градите. Се покажа дека водата го „разликува” дури и степенот на верата – нејзината оптичка густина се изменила за само 10%!

Бидејќи човечкото тело се состои од нешто повеќе од две третини од вода, тоа значи дека Бог при нашето создавање вградил таков систем на физички канали, кој ги регулира сите биохемиски процеси во телото, и кој јасно го „препознава“ името на Исус Христос! Може да се каже дека крсниот знак е генератор на светлина. Оптичката густина на водата не се променила (зголемила) при каква било друга положба на прстите на раката.

Истражувањата покажале дека вредностите на оптичката густина на водата од реката Јордан, каде што Господ Исус Христос бил крстен пред повеќе од 2000 години, практично се идентични со вредностите на осветена вода од црква, на Богојавление. Јордан и Нева имаат различна географска положба, различен состав на почва, различна клима, а со тоа и различна густина на водата, но еднаш годишно – на празникот Богојавление – нивните оптички параметри речиси целосно се совпаѓаат!