Министерства, училишта, општини и државни агенции до Државната комисија за спречување на корупција доставиле вкупно 120 барања во изминатите три недели за добивање мислења за вработувања, јавни набавки и давање во закуп на државно земјиште.
Од ДКСК посочија дека тие немаат надлежност да дават мислење по однос на овие барање и дека управителите на институциите треба да земаат одговорност за нивните одлуки, односно дека законите се јасни што треба да се прави во овој период. Според нив треба одредени дополнување во Изборниот законик.
– Од 120 барања 10 се од министерства, 27 од општините, 29 барања од училиштата и др. 59 барања се однесуваат за вработувања, 23 барања за добивање мислење за јавни набавки. Најголем број од општините бараат мислење за доделување на договори за закуп, велат од ДКСК.
Воедно, денеска ДКСК ја одржува 51- седница.