Над 500 барања за ваучери за инвертер клими стигнале првиот ден откако беше објавен јавниот повик на Министерството за економија, а бројката е сигурно поголема бидејќи барањата од другите градови стигаат по пошта.

Од утрово, како што објави порталот СДК, пред Министерството имаше колона од стотина граѓани кои чекаа да ги поднесат барањата за да добијат ваучер од 23.000 денари со кој ќе можат да купат инвертер.

За да добие ваучер домаќинството треба изминатите три години да не користело субвенции за инвертер клими, да нема приклучок на централното градско парно, уредот да биде вграден во текот на 2024 година односно најдоцна до 30 ноември. Ваучерите ќе се делат по принципот прв дојден-прв услужен.