„Не плашете се, излезете на улиците. Не излегувајте поради мене, излезете поради себе и својата иднина“, порача Навални преку видео порака.

Московскиот суд му одреди притвор на Навални до 15 февруари, изјави денес адвокатот Вадим Кобзев.

Навални е уапсен во недела на аеродромот Шереметјево, откако со авион пристигна од Германија, поради непочитување на условната казна.

По него е издадена потерница на 29 декември минатата година.

Рочиштето е закажано за 29 јануари, за да се утврди дали условната казна ќе биде променета.