Навивачи на Ливерпул ноќеска им пречеа на играчите на Реал Мадрид да спијат.

Двете екипи ќе се сретнат во осминафиналето од Лигата на шампионите. Првиот натпревар ќе се одигра во Ливерпул вечер со почеток во 21 часот.

Експедицијата на мадридскиот клуб престојува во хотелот „Инсајд Ливерпул“. Во 2 часот по полноќ навивачите на англискиот тим приредија огномет покрај хотелот.

Ова не е прв случај навивачи да го нарушуваат ноќниот одмор на фудбалери од противничка екипа.