Додека овде во „Скопиа“ во полн ек е силната пропаганда машинерија на власта, па имате една смешна анкета, потоа лажно апсење на терористи, па апсење на Стевче Јакимовски, сето тоа филувано со изјави на Каменос кој ќе ја напуштел Владата на Ципрас поради договорот, што никогаш нема да се случи, и од ковчег извадена изјава на пратеник на Сириза дека не му пречело да се нарекуваме Македонци (такви изјави сигурно ќе ги има се повеќе и повеќе и главно се насочени кон нас овде), пред отприлика еден час, навивачите на ПАОК ни испритија јасна порака преку транспарент развиен на средина на теренот додека трае натпреварот на нивниот клуб со Спартак од Москва: „Македонија е една единствена и таа е овде“.
Впрочем, тоа е и суштината на договоор со Грција, а пропагандата има за цел да ве увери во спротивното. Но, секој со својот ум.