Поранешниот новинар, владин портпарол и поддржувач на актуелната власт, Зоран Иванов, во статус на неговиот профил на Фејсбук ги навреди граѓаните кои имаат лични траорни искуства од Клиниката за онкологија, кои вчера протестираа пред Владата.

Иванов дрско ги навреди родителите кои имаат деца болни од карцином, а вчера на протестот дел од нив кажуваа и сведоштва за деца кои се починати.

Иванов без ронка почит кон болката што ја доживеале ги нарече „простаци“.

-Овие партијциве од протестот пред Влада што пренесуваа лични искуства за пушењето, и родители се или само простаци се!“, напиша тој во својот коментар.

Иванов е отворен поддржувач на оваа власт која во владејачките фотелји седна со „шарени револуции“ и протести на кои тогаш учесниците на Иванов не му личеа на „прости и простаци“.