Од Народна банка на Македонија, реагираат на објавите за измени во банкнотите на Република Макеоднија, во кои дополнително се вметнува зборот Северна. Според НБ:

„Станува збор за редовен процес, којшто е планиран поодамна, во согласност со процените во коишто предвид се има природниот животен век на парите кои веќе циркулираат во оптек.

Одлуките за издавање книжни пари во апоени од 10 и од 500 денари, Советот на Народната банка ги донесе на седницата којашто се одржа на 28 февруари 2019 година, а постапките за јавна набавка на банкнотите беа спроведени уште во вториот и третиот квартал на минатата година, имајќи ги предвид комплексноста и времетраењето на процесот на печатење пари. Притоа, во повеќе наврати, јавноста беше известена дека овие книжни пари, начелно се планира да бидат пуштени во оптек во текот на првата половина на оваа година, имајќи го предвид природниот животен век на парите. Измените на одлуките за издавањето на парите во апоени од 10 и 500 денари, донесени на седницата на Советот на Народната банка одржана на 3март се однесуваат исклучиво на измени на техничките димензии на некои од елементите на парите, коишто во процесот на подготовка за печатење е утврдено дека мора да се направат.“