Ајзеја Томас наскоро ќе стане играч на Вашингтон.
Според „ЕСПН“ 30-годишниот Американец се согласил на едногодишен договор со „визардс“.
Минатата сезона, Томас играше за Денвер, но поради повреда, го пропушти најголемиот дел од сезоната. Вкупно одигра 12 натпревари, постигнувајќи просечно 8,1 поен.
Претходно Томас беше дел од Лос Анџелес лејкерс, Кливленд кавалирс, Бостон селтик, Феникс санс и Сакраменто кингс.