Кошаркарскиот дом на славните „Џејмс Најсмит“ именуваше 14 финалисти кои оваа година може да бидат вклучени во Куќата на славните. Конечниот список ќе биде објавен на 16 мај.
На списокот се девет дебитанти: поранешниот тренер Рик Аделман, двократниот шампион Крис Бош, петкратниот шампион Мајкл Купер, МВП на финална серија Пол Пирс, прв црн тренер на НБА Бил Расел, двократниот шампион на НЦАА Џеј Рајт, двократната олимписка шампионка Јоланда Грифит, трикратен МВП во женската НБА-лига, Лорен Џексон, поранешна тренерка на годината во НБА-лигата, Маријана Стенли.
Исто така, меѓу претендентите се сопственикот на рекорден број победи во гимназиите, Самер Ендрус, петкратните Ол-стар играчи Тим Хардвеј и Маркез Џонсон, четирикратниот дефанзивец на годината Бен Валас и петкратниот ол-стар Крис Вебер.