Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло се огласи по реваншот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите против Порто (3:2).

– Кога ќе направите четири сериозни грешки на две осминафинални средби во Лигата на шампионите на УЕФА, ќе бидете елиминирани. Ќе бидат потребни неколку дена да се разделиме со размислувањата за оваа игра, но потоа на секој натпревар мора да му пристапиме со правилно размислување, сфаќајќи дека е само март и имаме време да се искачиме повисоко во Серија А. Добро го започнавме натпреварот, можевме да поведеме веднаш по шансата на Алваро Мората. Голот не се случи, тогаш следуваше наша грешка. Во второто полувреме игравме како што треба, во ова помогна и исклучувањето на еден нивен играч. Сепак не успеавме до крај. Кога ќе промашиш, натпреварот станува сосема поинаков, изјави Пирло.

На првиот дуел во Порто беше 2:1 за португалскиот тим, па по вкупните 4:4, Јувентус е елиминиран поради тоа што ривалот постигна повеќе голови на гостински терен.