Лос Анџелес клиперс го совладаа Далас со убедливи 154:111 во петтиот дуел од првото коло од плеј-офот во НБА лигата. Тимот од Лос Анџелес го презеде водството во серија прв до четири победи со резултат 3-2.

Најефикасен во победничкиот тим беше Пол Џорџ со 35 поени, Лука Дончиќ се истакна кај Далас со 22 поени.

Следниот натпревар ќе се одржи на 28 август.

На другиот натпревар одигран ноќеска Денвер беше поуспешен од Јута со 117:107 за намалување на 2-3 во серијата прв до четири победи.