Кошаркарот на Феникс санс, Крис Пол, имаше три украдени топки ноќеска на натпреварот против Мајами (106:86) и го помина легендарниот Морис Чикс во оваа статистичка категорија.
Морис во неговата кариера стигна до 2.310, додека 35-годишниот Пол сега има 2.311 украдени топки. Тој се искачи на петтото место во историјата на НБА по овој индикатор.
На првите четири позиции се: Гери Пејтон (2.445), Мајкл Џордан (2.514), Џејсон Кид (2.684) и Џон Стоктон (3.265).