Екипата на Челзи синоќа го елиминира Порто (2:0, 0:1) во четвртфиналето од фудбалската Лига на шампионите со вкупен резултат 2:1. Клубот од Лондон стигна до полуфиналето во елитното натпреварување за прв пат од 2014 година.

Пред седум години тимот го водеше Жозе Мурињо. Подоцна, Челси успеваше да дојде само до осминафиналето или воопшто не учествуваше на турнирот.

Челзи по осми пат во својата историја се пласираше во полуфиналето во Лигата на шампионите. Двапати „Сините“ играа во финалето, освојувајќи еден трофеј.

Во следната фаза Челзи ќе се соочи со победникот од двојката Реал – Ливерпул (3:1 прв натпревар).