Лос Анџелес лејкерс преку клупскиот Твитер го најави своето засилување за преостанатиот дел од сезоната во НБА лигата. Станува збор за Џеј Ар Смит.
Триесет и четиригодишниот Американец ќе го заземе местото на Ејвори Бредли, кој претходно одби да учествува во продолжување на сезоната 2019/20.
Смит ќе настапува под број 21.
Лидерот на Лејкерс, Леброн Џејмс и Џеј Ар Смит играа заедно во Кливленд четири сезони. Тие му помогнаа на Кливленд да ја освои титулата во НБА шампион во 2016 година.