Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан пред натпреварот од 33. коло од шампионатот на Шпанија со Хетафе објасни дека отсуството на Еден Азар е поради претпазливост.

Французинот не сака да го ризикува здравјето на Белгиецот кој беше повреден.

– Ние мора да бидеме внимателни со него. Тој наскоро ќе ја достигне својата најдобра форма. Јас сум многу горд на сите играчи, бидејќи тоа што го направија не е лесно. Знаеме и дека треба да ги играме преостанатите шест дуели, сите како да ни се финале, рече Зидан.

Реал е лидер на табелата во Ла Лига со еден бод повеќе од Барселона и еден натпревар помалку.

Натпреварот Реал – Хетафе с еигра вечер од 22 часот во Мадрид.