Еден од најдобрите играчи на Филаделфија, Џоел Ембид се здоби со повреда на дуелот со Портланд одигран ноќеска во Орландо. Дваесет и шестгодишниот Камерунец во 6. минута лошо доскокна и го повреди левото стапало. До тој момент Ембид имаше два поена, четири скока и една асистенција.

Средбата заврши со победа на Портланд од 124:121.

На другите два натпревара од НБА лигата играни ноќта недела кон понеделник постигнати се следниве резултати:

Сакраменто – Хјустон 112:129
Лос Анџелес клиперс – Бруклин 120:129.