Клубовите во НБА лигата дискутираат за можноста да се укине терминот сопственик, пишува „Фокс спортс“. Причината е поврзаноста со системот на робови и расната сегрегација.
Повеќето НБА играчи, вклучувајќи ги и главните ѕвезди, се со црна боја на кожата, а зборот „сопственик” за нив може да биде навредлив.
Трикратниот НБА шампион Дрејмонд Хил, предлага терминот „сопственик“ да се смени со зборовите претседател или раководител на клубот или раководител.
Некои клубови како, Филаделфија и Лос Анџелес клиперс веќе го напуштија терминот „сопственик“