Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах по финалниот натпревар во Лигата на шампионите со Тотенхем (2:0) за време на интервјуто со една новинарка мислеше дека девојката сака да го бакне и ја подигна раката за да ја спречи.

Случката е регистрирана на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид по финалето од Лигата на шампионите.

Девојката му се приближи на Салах, за да може подобро да ги чуе неговите одговори. Дваесет и шестгодишниот Египќанец погрешно го разбра новинарот и се повлече наназад.