Кошаркарот на Вашингтон визардс, Расел Вестбрук, стана првиот играч во историјата на НБА-лигата кој постигнал 15 трипл-дабл на 20 последователни натпревари.
Вестбрук ноќеска во победата над Детроит од 121:100, постигна 15 поени, 14 скока и 11 асистенции. Ова е 25. трипл-дабл за Расел оваа сезона.
Вестбрук го комплетираше 171. трипл-дабл во својата кариера. Рекордер во историјата на лигата за овој индикатор е Оскар Робертсон (181).