Каматната стапка на кредитите во мај просечно изнесува 4,83 отсто и претствува продолжување на трендот на намалување од 0,03 процентни поени на месечно и 0,37 процентни поени, покажуваат објавените податоци на Наордната банка.
Кај депозитите просечната каматна стапка изнесува 1,10 отсто и забележа месечен пад од 0,01 процентен поен, а на годишно 0,31.
Според објавените податоци, раст е забележан на каматите на новоодобрените кредити и тоа 0,15 процентни поени на месечно ниво и изнесува 3,92 отсто, додека на годишно ниво е намалена за 0,76 процентни поени. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 0,62 отсто и бележи минимален месечен раст од 0,01 п.п. Во споредба со мај минатата година, оваа каматна стапка е пониска за 0,69 п.п.
Кај кредитите одобрени на корпоративниот сектор е забележано намалување од 0,04 процентни поени во однос на претходниот месец и таа просчно изнесува 3,97 отсто. Надолната промена е резултат на намалувањето на сите компоненти, и тоа: каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула
(за 0,06 п.п.), каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,03 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,02 п.п.). На годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор бележи пад од 0,51 п.п.
Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, овој месец, изнесува 3,71 отсто и бележи зголемување за 0,05 п.п. на месечна основа. Растот се должи на зголемувањето на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,32 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,03 п.п.), а во услови на пад кај каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,30 п.п.).
Споредено на годишно ниво, оваа каматна стапка е намалена за 0,63 п.п. Во мај, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, бележи месечен пад од 0,04 п.п. и изнесува 1,24 отсто. Надолната промена произлегува од намалувањето на каматните стапки на депозитите во странска
валута (за 0,09 п.п.) и каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,02 п.п.), при остварен раст на каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,02 п.п.). Каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е намалена за 0,37 п.п., во однос на мај 2019
година.
Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор, овој месец, изнесува 0,34 отсто и е пониска за 0,03 п.п. на месечно ниво.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити на домаќинствата, во мај, оствари минимален месечен пад од 0,01 п.п. и изнесува 5,64 отсто. Месечниот пад се должи на пониските каматни стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,01 п.п., соодветно), во услови кога каматните стапки на кредитите во странска валута се непроменети. Во споредба со мај 2019 година, оваа каматна стапка е
намалена за 0,30 п.п.
Во мај годинава, каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 4,43 отсто и бележи раст од 0,05 п.п. на месечна основа. Притоа, месечниот раст целосно е резултат на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,14 п.п.), при остварен пад кај каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,30 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,05 п.п.). На годишна основа, каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата бележи пад од 0,75 п.п.
Во мај, просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 1,08 отсто и во споредба со минатиот месец е намалена за 0,01 п.п., што се објаснува со минималниот пад на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,01 п.п.), во услови на раст на каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,01 п.п.) и непроменети каматни стапки на
денарските депозити без валутна клаузула. На годишна основа, оваа каматна
стапка е пониска за 0,30 п.п.
Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата, овој месец, имаат месечно намалување од 0,10 п.п. и се сведе на 0,91 отсто.