Секој втор граѓанин во Македонија нема доверба во вакцините, а значајно мнозинство се „многу загрижени“ за пандемијата, открива истражувањето на Националниот демократски институт.
На прашањето „Зошто не би примиле вакцина“ дури 49 отсто рекле дека немаат доверба во ефикасноста, 10 проценти сметаат дека тие лошо ќе влијаат на здравјето, а три отсто мислат дека вирусот не постои.
Покрај Ковидот, македонските граѓани одговарале на теми поврзани со демократијата и владеењето. Над половина од анкетираните или 52 отсто сметаат дека има назадување на демократијата, а 64 проценти сметаат дека земјава се движи во погрешна насока.
За над половина испитаници, пак, квалитетот на живот е поважен од демократските стандарди.