Човек од Алабама кој со себе имал „мала армија“ од пиштоли, муниција и молотови коктели во неговиот пи-кап за време на бунтот пред и во Капитол Хил на САД на 6 јануари 2021 година, е осуден на речиси четири години затвор, една од најстрогите казни досега узречени за настаните од тој ден, пренесува Ројтерс.
Окружниот судија на САД Колин Колар-Котели рекол дека казната од 46 месеци, односно 3 години и 10 месеци, ја одразува сериозноста на обвиненијата против Лони Кофман (72), кој се изјаснила за вина за поседување нерегистрирано огнено оружје.
Казната на Кофман е трета најголема за обвинет за немирите во Капитол Хил, откако две лица сео судени на казни од 63 месеци (пет години и три месеци) и 51 месец (четири години и три месеци) бидејќи при немирите нападнале и полицајци.
Од повеќе од 100 обвинети кои се осудени досега, повеќето добија условни или кратки затворски казни помали од два месеци.
„Тој имаше мал арсенал во својот камион, подготвен да води битка“, рече Колар-Котели за време на сослушувањето на пресудата. Сè уште не можам да сфатам зошто го имаше ова“.
Кофман е во притвор од неговото апсење на 6 јануари 2021 година. Адвокатот на Кофман тврдел дека понатамошното затворање не е оправдано со оглед на неговата возраст, здравје, статус на ветеран од Виетнамската војна, каење и прифаќање на одговорноста.
Полицајците го уапсиле Кофман во близина на Капитол откако забележале пиштол во неговиот пикап додека реагирале на бомби оставени пред седиштето на Демократскиот национален комитет и Националниот комитет на Републиканската партија, кои се во близина на Капитол.
Внатре во камионот на Кофман, полицајците пронашле пушка АР-15, самострел, неколку мачети, димни гранати и 11 молотови коктели. Тие пронашле и белешка со името на најмалку еден член на Конгресот и судија, покрај ознаката „лош човек“.
Обвинителите сметале дека комбинацијата на оружје и политички пораки „сугерира дека ова оружје било наменето да се користи во обид за насилен напад на нашите избрани претставници“.
Околу 800 лица се соочуваат со кривични пријави во врска со упадот во Капитол Хил од страна на приврзаниците на Трамп, што ги принуди пратениците да се кријат за време на прогласувањето на изборната победа на Џо Бајден спротивната страна тврдеше дека е фалсификувана и украдена.
Кај нас, учесниците во настантите од 27 април, добија вкупно 211 години затвор, подоцна казнатите беа минимално намалени, а вчера, Игор Југ, по 4,5 години го доби првиот слободен викенд. Да беше на местото на Кофман, Југ (а и другите) досега ќе беа на слобода.
Инаку, на обвинителите во САД не им паднало ни на памет евентуално да му измислат на Кофман дека подготвувал терористички акт.