Само еден ден откако Собранието го усвои, претседателот Пендаровски го потпиша Указот за Законот за државјанства.
Со овие измени секое барање треба да се реши во рок од шест месеци, а постапката да заврши за три години.
Позитивен одговор следува за оние што ќе приложат било каков документ со кој ќе докажат дека живееле во земјава пред нејзиното осамостојување. Тоа може да биде извод од родените, свидетелство, платена сметка, платен данок, лична карта или пасош од СФРЈ, здравствена книшка или извештај за лекување, поседовен или имотен лист и друго