Две спротивставени групи демонстранти и полицијата се судрија денеска во центарот на Базел.

Левичарски демонстранти се обидоа да спречат собир на ултрадесничарската Швајцарска националистичка партија поради договорот на ОН за миграцијата. Локалната полиција, помогната од полицајци од други кантони, се обиде да ги држи двете групи одвоено.

Според медиумите, стотина лево ориентирани демонстранти ги нападнале полицајците со шишиња и други предмети. Полицијата одговорила со гумени куршуми. Неколку десетици приврзаници на Швајцарската националистичка партија се судриле со неколку стотини контрадемонстранти.

Улиците во центарот на градот биле блокирани, што предизвика голем метеж во сообраќајот.

Швајцарската Влада во четвртокот соопшти дека нема да го потпише договорот на ОН за миграцијата.

Швајцарската националистичка партија е мала партија и нема речиси никакво политичко влијание во земјата.