Во Соопштението на Министерството за здравство за состојбата со Ковид 19 во нашата земја во изминатите 24 часа, ќе забележите дека во насловот стои дека тие изминати 24 часа, 48 пациенти кои биле заразени со корона вирусот „оздравеле“. Истото стои и во насловот на соопштенито на сајтот на Владата – 48 лица „оздравеле“. Убава вест.

Влада на МК – наслов на информацијата – „оздравени“

 

Наслов на Соопштенеито на МЗ – „оздравени“

Но, кога ќе го прочитате соопштението на МЗ, ќе видите дека веќе во првата реченица стои дека тие 48 пациенти се „излекувани“. Интересно, 6 од нив во болнички услови, а дури 42 двајца се излекувани во домашни услови.

Содржина и прва реченица на соопштението на МЗ

Сигурно ќе се согласите дека постои разлика меѓу термините „излекувани“ и „оздравени“. Но, ако го прифатиме првото, ако прифатиме дека лицата се излекувани, во што не се сомневаме, веројатно не само македонската јавност, туку и светската би сакала да знае со кои тоа лекови нашето здравство успева во еден ден да евиднетира дури 48 излекувани пациенти, при што, дури 42 во домашни услови. Со оглед на то што ние сме држава со само два милиони жители, ова е неверојатен успех кој со кој свтеот мора да биде запознаен, за да може и останатите држави на ист начин да се справат со епидемијата.

Значи, Филипче, со кои тоа лекарства успеавте по телефон да ги излечите овие 42 во домашни услови, бидејќи претпоставуваме дека со останатите 6 „излекувани“ во болнички услови одело полесно? Или сепак станува збор за терминот „оздравување“, а со „излекувањето“ само манипулирате и во вакви услови?