Убавата италијанска актерка Моника Белучи која неодамна наполни 54 години, одлучи да ги замени карактеристичните црни и црвени нијанси на коса и да стане русокоса .
Имено, една од главните улоги во третата сезона на француската серија “Call my agent” ќе ја игра Моника Белучи, а за улогата актерката мораше да ја смени бојата на косата.
Оригиналната серија “Dix pour cent” до сега ги следеше Андреа, Матијас, Габриел и Арлет работници во талент агенцијата АСК кои се соочуваат со секојдневни невообичаени ситуации и ја бранат својата визија за бизнисот. Тие комбинираат уметност и бизнис, а нивниот приватен живот е тесно поврзан со професијата.
Моника Белучи стана рускососа (ФОТО)
