Уште утре ќе се задржи сончевото и топло време. Веќе од недела, синоптичарите најавуваат локален дожд со слаб до умерен, а во западните делови, повремено засилен ветер од југозападен правец.

Пообилни врнежи се очекуваат во вторник кога поради заладувањето се најавува снег на планините и на некои повисоки места. Ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика температурите да бидат пониски и во следните денови.