Тенкото мнозинство на Зоран Заев ја прави новата владина коалција со Али Ахмети мошне ранлива. Евидентно е дека таа тешко дека ќе може да одржи нормална седница на Собранието, бидејќи во секој случај е потребно присуство на 61 пратеник, што значи никој не смее да отсуствува, ниту некој смее да се разболи, па дури и да се накашла, под услов опозицијата да не обезбедува потребен кворум.
Ова ја прави коалицијата на Заев подложна уцени и рекетирање, што се виде уште денеска кога Иџет Мемети, незадоволен од решенијата, си замина, а пред него тоа го направи и донеодамнешниот директор на ЦЈЗ, Зибери, кој нервозен дури и удрил со џипот во метлната ограда пред Собранието. Тоа ја одложи днеешната седница за избор на претседател на СОбранието, токако еднаш веќе беше одложена поради слични проблеми, па ЏАфери мораше да се брука дека тоа е поради фактот што добил внук па давал мекици.
Според Курир. мк, Меџити си заминал незадоволен од изборот на кадри и бара вицепремиерско место во новиот владин состав.
Изворот на Курир тврди дека зад Меџити стојат уште двајца пратеници, односно Зибери и Ајдари од Куманово и двајцата од редовите на ДУИ.