На две дена пред понеделникот, кога стапуваат на сила мерките со кои се ограничува правото на движење на невакцинираните, ќе се одржи прославата на Рамковниот договор во организација на Артан Груби, формално вицепремиер во Владата, а во суштина премиер за сите прашања за кои е заинтересирана ДУИ.

Вусшност, организацијата на пролсватаа била доверена на фирма која победила на тендер, а фирмата нормално е од Тетово.

Груби барал прославата да се одржи во хотелска сала што собира 300 гости, а можете да претпоставите дека на прославата ќе бидат присутни и странски гости. Веројатно ви е јасно дека нема да има никакви дистанци, ниту маски и слични други дребулии.

Се разбира, голем дел од гостите сигурно ќе бидат вакцинирани лица, но поради фактот што тие го пренесуваат вирусот исто како и невакцинираните, на пример, американскиот Центар за заштита од болести бара и вакцинираните да носат маски во затворен простор.

Во меѓувреме, денеска медиумите објавија за големите гужви пред два пункта за вакцинација во Скопје – Букурешт и Јане Сандански.