Се е подготвено за „Вино на штикли“, настан што гарант ќе го одбележи долгото топло лето. Да резимираме: на 23 јуни, во четврток, од 19 часот па се до полноќ, по четврти пат во „Форца“ ќе се случува настан што ќе ги обедини љубителите на виното, гурманите кои ќе уживаат во деликатесите на популарниот вински бар и ресторан и секако добрата музика.

За музичкиот дел е задолжена македонската поп ѕвезда Викторија Лоба, која освен своите хитови, на гостите ќе им понуди богат избор на кавер верзии на домашните и светски популарни хитови и евергрини, потенцирајќи го стилот на изведувачите, ама со нејзината концепциска слика. Ќе уживате во навистина добра свирка.

Не очекува ноќ со многу изненадувања, дегустација на над 150 различни вина од 18 македонски и странски винарии што ќе бидат спарени со вкусните гурмански предизвици на Форца, а љубителите на тартуфи ќе имаат можност да пробаат разни производи од брендот Tuf.mk.

Внимавајте: на 23 јуни сите патишта водат кон „Форца“.

Бидете таму. Бидете извонредни!

Се гледаме.

Facebook Event:
https://www.facebook.com/events/1019233218696301