Претседателот на СОНК Јаким Неделков, во вечерашната Топ Тема на Телма посветена на штрајкот во образованието, изрази задоволство, но и најави дека се подготвуваат кривични пријави за директорите кои вршеле притисоци врз наставниците и негувателите за неприклучување во штрајкот.
Најавивме кривични пријави на секој оној што ќе се обиде да го попречи организирањето и спроведувањето на штрајкот. Во образование немавме такви изразени случаи, и тоа јавно го кажавме. Но во детските градинки имаше. Веќе се подготвува една кривична пријава за директорка во детска градинка во Битола. Веројатно ќе има и други кривични пријави за директори во градинки. Ние предупредивме и на вчерашната прес конференција дека е сериозен прекршок да се попречува организирање и спроведувње на штрајкм рече Неделков.
Претседателот на СОНК додаде дека успешноста на штрајкот не се мери преку масовноста, туку преку резултатите кои тој ќе ги донесе.
Ние не сме популистички синдикат, ова што го правиме го правиме во интерес на членството, а од тој аспект задоволни сме, тврди Неделков.