Неисправна греалка го предизвикала вчера пожарот во станбена зграда во Њујорк во кој загинаа 19 лица. Тоа го соопшти комесарот од противпожарната служба Даниел Нигро. Станот (дуплекс) во кој избувна пожарот се наоѓа на вториот и третиот кат од 19-катница. Пожарот не се проширил на другите станови, но густ чад го исполнил целиот блок бидејќи вратата од опожарениот стан била оставена отворена.
Новиот градоначалник на Њујорк, Ерик Адамс, кој ја презеде функцијата пред само една недела, потврди дека 19 лица загинале во пожарот. Таа била изградена е во 1973 година и има 120 домови за социјално загрозени лица. Адамс она што се случи го нарече „немерлива трагедија“. Тоа е втор голем пожар во САД оваа недела. Дванаесет лица, меѓу кои осум деца, загинаа во пожар во Филаделфија во средата, повторно во домовите за социјално загрозените.
Претходно властите соопштија дека околу 60 лица се повредени во пожар во областа Бронкс во Њујорк, од кои 32 се хоспитализирани и се во животна опасност. Меѓу загинатите има и 9 деца. Ова е најсмртоносниот пожар во Њујорк во последните три децении.