Изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп најави правни постапки пред Врховниот суд поради нетранспарентност при пребројувањето на гласовите во Пенсилванија.
Според неговиот штаб, од набљудувачите на републиканците било барано да стојат на 7,5 метри одалеченост од месото каде се пребројуваат гласовите.
Со тоа се отвора можноста за привремено запирање на пребројувањето на гласовите во таа земја, која носи 20 изборни гласови.
Претходно птабот на Трамп поднесе барање да прекине броењето на гласачките ливчиња на претседателските избори во сојузните држави Мичиген и Висконсин, тврдејќи дека неговите гласови ан волшебен начин исчезнуваат.