Бразилскиот фудбалер Нејмар изјави дека не може да гарантира оти повторно ќе настапи за својата репрезентација, откако Бразил вчера беше елиминиран од Хрватска на пенали во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.
– Не гарантирам 100 проценти дека ќе се вратам во бразилската репрезентација. Морам да анализирам, уште малку да размислам што е добро за мене и за репрезентацијата, рече 30-годишниот напаѓач на ПСЖ.
Бразил, кој беше меѓу главните фаворити за освојување на светската титула, го заврши настапот на Мундијалот со елиминација од Хрватска по изведување пенали, откако натпреварот по 120 минути игра заврши 1-1.