Продолжува сензационалниот пат на фудбалската репрезентација на Мароко на Светскиот шампионат во Катар. Лавовиве од Африка во третото четвртфинале ја победија фаворизираната Португалија со 1-0, за историско полуфинале.

Ниту убиствениот напад на Португалија немаше одговор за одбранбениот бедем на Мароко.

Европските Бразилци не успеаја да го најдат клучот за отварање на најдобрата одбрана на Мундијалот во Катар.

Мароко го доби четвртфиналето со голот на Ен Несири во 42 минута.

Мароко во првото полуфинале за една африканска селекција на светските првенства го очекува победникот од вечерашниот европски елкласик Франција – Англија.