Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар го коментираше однесувањето на навивачите на клубот, кои го исвиркуваа за време на натпреварот од петтото коло против Стразбур.
Дуелот заврши со победа од 1:0 за парижаните, а единствениот гол го постигна Нејмар во 92-та минута.
Набргу потоа, тој повторно реализира, но голот беше поништен поради офсајд.
– Ги разбирам фановите и знам дека им е тешко. Сега, сепак, јас сум играч на ПСЖ. Не, немам специфична порака за обожавателите. Навикнав да ми се суди низ целата моја кариера. Навредливо е, но немам ништо против навивачите. Сите знаеја дека сакам да го напуштам ПСЖ. Го кажав тоа и можам да го повторам. Не сакам да навлегувам во детали. Оваа страница е веќе свртена. Јас сум играч на ПСЖ и ќе дадам се од себе на теренот, изјави Нејмар по дуелот во Париз.