Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар ја обжали казната од 3 натпревари, соопштува „Екип“.
27-годишниот Бразилец беше санкциониран од УЕФА за учество во европските клубски турнири, откако ги критикуваше судиите по реваншот од осминафиналето на Лигата на Шампионите со Манчестер Јунајтед (1:3).
Во овој натпревар беше награден пенал во корист на Англичаните во дополнителното време, откако топката удри во раката на дефанзивецот на ПСЖ, Кимпембе.
„Штета! Четири лица кои не разбираат ништо од фудбал, гледаа забавена снимка на телевизија. Немаше пенал! Кимпембе не можеше да ја стави раката на неговиот грб“, напиша Нејмар по натпреварот.