Ребека Бачер пати од редок Полски синдром, со што нејзините гради имаат различна големина.

Ребека Бачер (23) од Барнсли во Англија, пати од редок Полски синдром, со што едната дојка и е со големина 1, а другата 4.

“Кога имав 13 години, едвај чекав да ми пораснат градите”, ја започнува својата приказна Ребека.

“Додека тоа кај моите другарки се случуваше многу побрзо, кај мене одеше бавно и малку се уплашив кога една пријателка ми рече дека моите гради не се со иста големина”, вели Ребека.

“На 15 години, се вратив од пливање, застанав пред огледало и сфатив дека таа била во право. Мојата лева дојка беше многу помала од десната, но не се грижев бидејќи мојот доктор ми рече дека градите можат да се развиваат со различна брзина”, објаснува таа.

“На 16 години ми беше јасно дека нешто не е во ред – едната дојка беше огромна, а другата ситна. Не можев да пронајдам градник кој ми одговара, а во училиште постојано ме задеваа поради тоа, и животот ми се претвори во ноќен кошмар. На 18 години конечно сфатив дека боледувам од Полски синдром, кој погодува една на 100.000 жени.

Тогаш одлучив дека не сакам да ја кријам својата сопственост, и дека сакам останатите кои патат од истото пореметување да им помогнам”, изјавила Ребека.

“Пред 6 години ми понудија пластична операција со која би воспоставила симетрија на градите. Меѓутоа, ја одбив таа понудам бидејќи не сакав да се менувам. Оној кој мисли дека некој со совршени гради е идеал за убавина, тој е многу површен”, објаснила Ребека Бучер и додала дека има целосна поддршка од своето момче Кајл.