Во Јужна Америка денеска се случи масовен прекин на снабдување со електрична енергија, поради што милиони луѓе ширум Аргентина, Уругвај, Парагвај и јужниот дел на Бразил останаа без струја.
Енергетската компанија „Едесур Аргентина“ преку Твитер соопшти дека дошло до масовен прекин на снабдувањето во меѓусебно поврзаниот електричен систем.