Подрачјето на Струмица и околината, како и Берово попладнево се зафатени од нестабилна воздушна маса, која е проследена со интензивен пороен дожд, грмежи и можна појава на град.

Нестабилната облачна маса се движи кон југ во правец на Валандово, Дојран и Богданци, информиаат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Оттаму посочуваат дека нестабилно е и во повеќе места во источниот и во планинските подрачја во југозападниот дел од земјата, како и над Преспанското Езеро.