Пред седум години, Лана Дел Реј (32) го освои светот со хитот „Видео игри”, а таа, исто така, го привлече вниманието на јавноста и со нејзината класична убавина.
Девојката, чие вистинското име е Елизабет Вулиџ Грант, во следните години ги нижеше хитовите, од „Борн то даи“, преку „Самертајмс седнес“, до „Јанг анд Бјутифул“, кои ги сними за филмот „Големиот Гетсби“.
До 2018 година, таа продаде 15 милиони албуми низ целиот свет.
Музичарката се повлече од јавноста во последниве години, а кога папараците ја „фатија“ на улиците на Беверли Хилс овие денови, многумина не веруваа дека таа е на фотографиите.
И додека таа беше на врвот на славата, се шушкаше дека таа е често на естетски хирург, и многумина тврдат дека го уништила лицето со операции. Покрај тоа, очигледно е дека добила неколку килограми плус.
Лана планира да се врати на музичките листи, а на Инстаграм најави како би звучела нејзината следна песна.