Некои автомобилски додатоци, според познавачите, се апсолутно непотребни, но наголемо се рекламираат.

Порталот Блиц.бг наведува некои од нив…

За копчето старт/стоп, на пример, коешто го пали автомобилот наместо клуч, некои стручни лица сметаат дека ја влошува динамиката на возилото. А, при честа употреба може да доведе и до расипување на стартерот.

Опцијата за отворање на вратите без клуч пак, се покажува покорисна за крадците отколку за сопственикот на автомобилот, оти тој механизам лесно се пробива со смарт-апликација.

Друг таков додаток се нископрофилните гуми. Тоа го влошува нивото на комфор во возилото – таа станува побучна, а секое камче на патот „нè удира” во ’рбетот. Притоа, и возењето е покруто, потешко.

Во оваа листа бесполезности се и проѕирните тавани, коишто според стручните лица, летото го прават потопло, а зиме се покриени со лед и нема никаква корист од нив.