Некролог во бугарски весник:

Христо ДЕЛЧЕВ

ЗАМИНА ПОСЛЕДНИОТ ОД ДЕЛЧЕВИ

Синоќа, по кратко боледување, во Софија почина последниот од браќата на Гоце Делчев – Христо Делчев, на 40-годишна возраст.

Тројцата Делчевци, Мицо, Гоце и Милн, умреа со пушка в рака, за слободата на Македонија.

Најмалиот од нив, Христо, исто така тргна по патото на своите достојни и херојски браќа.

Три години по ред – 1911/12/13 година, Христо крстосува низ Македонија со четите на Тодор Александров, Г. Мончев и Г. Междурчин и само по упорните настојувања на раководителиоте на организацијата, кои сакаат да го зачуваат последниот од Делчеви од смрт, Христо ја остави пушката.

Во последните години, Христо како работник си го прехранува семејството – сопруга и три деца, кои по неговата смрт остануваат без издршка.

Со смртта на Христо замина и последниот од семејството Делчеви, семејство кое го даде Гоце, ги даде неговите достојни браќа и ја возвеличи Макеоднија.

Вечна му памет!