Контрадикторни се вестите кои стигнуваат од Украина во врска со најголемата нуклеарна централа во Еврсопа, која е во руски раце, а според информациите од Украина пак ја гранатира!?
– Постои опасност од истекување на радиоактивни материи во украинската нуклеарна централа во Запорожје, која е заземена од руските сили, предупреди денеска украинскиот оператор Енергоатом.
Како што се наведува, руските војници „во текот на последниот ден неколку пати ја гранатирале“ локацијата каде што се наоѓа централата.
– Инфраструктурата на фабриката е оштетена, а постои ризик од истекување на водород и прскање на радиоактивни материи, објави компанијата на Телеграм.
Се наведува и дека постои „висок ризик од пожар“.
Најголемата нуклеарна централа во Европа се наоѓа на југот на Украина на левиот брег на реките Дњепар.
Претходно денеска руското Министерство за одбрана ги обвини украинските сили дека во последните 24 часа трипати го гранатирале комплексот околу нуклеарната централа во Запорожје.
Несфатлива е „логиката на вестите“ дека руските сили гранатираат нешто што веќе им е заземено и под нивна контрола, да го гранатираат и да предизвикуваат опасност најпрво за своите војници, а потоа и пошироко за Украина и за Европа?!
(Д. Г.)