Во “Само вистина” на Канал 5 телевизија претседателот на Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски изнесе документ со кој пазарниот инспекторат излезе во одбарана на градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.
Наводно според документот тој бил гостин во хотелот. Но, Нелоски го праша како е можно тој да седи во хотелот некаде по 20 часот, а да се чекира на полноќ во 00:00 часот. Дали намерно пазарниот инспекторат извадил таков документ со чекирање за Богдановиќ да биде гостин во хотелот и да не одговара за тоа што ги прекршил протоколите.
-Кога сте се чекирале господине Богдановиќ во хотелот? Вие кажавте во 18 часот. Е сега тука некој лаже. Дали лаже градоначалникот или директорот на пазарниот инспекторат или хотелот. На официјалната пријава во која пишува во кое време се чекирал Богдановиќ стои дека тоа било на 20 април 2021 година во 00:00 часот. Ова значи дека тука некој дебело лаже. Ние дури размислуваме да поднесеме и кривична пријава за фалсификат. Затоа што со тој документ пазарниот инспекторат излезе во одбарана на Богдановиќ, истакна Нелоски.