По обвинувањата дека се спрема таен договор за да се тргне ветото од македонските преговори со ЕУ – Петков денеска пред пратениците во Софија, се повика на бугарската декларација и вети дека нема да потпише ништо без согласност на сите политички актери во бугарската влада и парламентот.
– Имаме јасно потпишан договор за коалицијата, кој строго го почитуваме. Правиме сите наши постапки да бидат во согласност со него. Јас како премиер немам право на никаков начин ниту, пак, ќе се обидам да направам некакви договори. Имаме рамковна позиција, декларација. Преговарачката рамка и процес ќе придонесат за она добрососедство на кое толку многу се надеваме. – изјави Кирил Петков премир на Р. Бугарија.
Два дена претходно, Лидерот на има таков народ Слави Трифунов и коалиционер во бугарската влада обвини дека Кирил Петков ги заобиколува бугарските национални интереси за да го трне ветото во јуни и порача дека бугарскиот премиер води политика која не е согласност со договорот на партнерите во владата, ниту пак е во координација со МНР и парламентот на Бугарија.