Такер Карлсон:

Вечерва можеби забележавте дека Џо Бајден денеска најави нов фронт во неговата тековна војна против средната класа во Америка. Бајден, се разбира, не го кажа тоа со тие зборови. Демократите ретко кажуваат што мислат. Ти кажуваат дека се работи за нешто друго. Во овој случај, Бајден ни кажа дека станува збор за Владимир Путин. Бајден објасни дека ќе му наштетиме на Путин со тоа што ќе им забраниме на Американците да купуваат руска енергија. Ова, рече тој, ќе значи огромна морална победа за нас. Ќе се чувствуваме одлично за себе, а во исто време, тоа ќе биде пораз за Русите, кои секако го заслужуваат тоа. Така, тоа беше една од оние ретки прилики кога можевме да видиме како добрите победуваат, а лошите губат.

Низ Вашингтон, речиси можеше да се слушне гласниот аплауз додека Бајден го завршуваше говорот. Секоја изборна единица го сакаше тоа. Медиумите се согласија дека Џо Бајден никогаш не изгледал попретседателски. Демократските функционери изгледаа длабоко олеснети. Еднаш, тие би можеле да зборуваат за нешто друго освен за КОВИД и за јужната граница. Тие повеќе би сакале да бидат во напад отколку во одбрана. Во меѓувреме, републиканските лидери изгледаа најсреќни од сите. Тие лаеја како фоки, конечно добија шанса да звучат цврсто и решително без да го налутат Си-Ен-Ен. Ви благодариме, Џо Бајден. Сега сите можеме да бидеме Џон Мекејн.

Ретко гледате вакво единство во поделен град како Вашингтон. Единството беше толку тешко, всушност, толку пријатно што никој не се сети да го постави најосновното прашање: зошто точно го правиме ова? “Не знам што кажав. Ах, не се сеќавам.” Што е поентата? Дали е поентата во банкрот на Владимир Путин? Можеби вреди да се направи тоа, но ова нема да го стори тоа. Путин веќе има подготвени пазари ширум светот за неговата нафта, почнувајќи од Кина, Индија и Турција. Значи, тоа нема да успее.

Можеби поентата е да се принудат руските трупи да се повлечат од Украина. Тоа дефинитивно би вредело да се направи, но не, ни тоа не е поентата. Џо Бајден обично ќе каже апсолутно сè, но дури и Џо Бајден не тврдеше денес дека санкциите за руската нафта ќе ја завршат војната во Украина. Затоа што нема. Значи, кон кого точно се насочени овие санкции? Размислете за тоа. Ако сакате да ја идентификувате целта на казната, размислете кој најмногу ќе настрада од тоа, а? И во овој случај, одговорот не може да биде појасен. Тоа се Американци со среден приход. Тие се оние кои беа скршени две години под ограничувањата на Ковид. Тие се оние кои ќе бидат удирани со исклучување на повеќе извори на енергија. Одговорните пред се ја мразат средната класа. Значи, не се казнува Владимир Путин, туку американските граѓани. Тоа си ти. Тоа не е шпекулација.

Цените на бензинот се веќе највисоки во историјата, и тие ќе станат уште повисоки, потенцијално многу, многу повисоки. Значи цената на природниот гас и цената на струјата и храната и се друго што ќе купите што треба да се транспортира на повеќе од 100 метри од местото каде што е направено, односно, секоја работа во вашиот живот. Ова не е добра вест за вас, без разлика што Вашингтон во моментов тврди. Ќе станете многу посиромашни. Тоа е загарантирано. Да, ќе забележите додека го гледате овој видео дека тоа е единственото нешто што Џо Бајден некако заборави да го спомене денес. Еве што рече Бајден:

 

Бајден:

Денеска објавувам дека САД се насочени кон главната артерија на руската економија. Забрануваме секаков увоз на руска нафта и гас и енергија. Тоа значи дека руската нафта повеќе нема да биде прифатлива на американските пристаништа, а американскиот народ ќе зададе уште еден силен удар на воената машина на Путин. Едноставно не е точно дека мојата администрација или политики го кочат домашното производство на енергија. Тоа едноставно не е точно.

Такер Карлсон:

Значи, лажењето прилично едноставно. Се што треба д анаправиш е да не ја спомнуваш вистината. Слушнавте како Бајден го прави тоа токму таму. Но, потребно е нешто друго многу различно, без разлика дали тоа е заблуда или сенилност или што и да е друго што го објаснува однесувањето на Бајден. Потребно е такво нешто за да се каже лага како онаа што штотуку ја слушнавте на крајот од изјавата на Бајден. „Едноставно не е точно дека мојата администрација или политики го кочат домашното производство на енергија“. Но едноставно е вистина. Демонстративно е точно, и сите го знаат тоа. На неговиот прв ден на функцијата, Бајден сам го уби нафтоводот Keystone XL. Потоа, само неколку дена пред Русија да ја нападне Украина, чудно, администрацијата на Бајден ги затвори сите нови енергетски закупи и дозволи на федерално земјиште. Тоа се случи. Владимир Путин не го направи тоа. Џо Бајден го направи тоа.

Погледнете како публицистите на Бајден се обидуваат да објаснат дека всушност спречувањето на домашното производство на енергија, што тие го направија, е многу различно од задржувањето на домашното производство на енергија. Да ја шуеме портпаролката Џен Псаки:

Џен Псаки:

„Дозволете ми да ви ги дадам фактите овде, и знам дека тоа може да биде незгодно, но мислам дека тие се важни во овој момент. Напротив, бевме јасни дека краткорочното снабдување мора да биде во чекор со побарувачката. Ние се придржуваме низ целиот свет со тоа што ја правиме промената за сигурна, чиста енергетска иднина. Ние сме еден од најголемите производители со силна домашна индустрија за нафта и гас. Ние всушност произведовме повеќе нафта. Постигнуваме рекордни бројки и ќе продолжиме да произведуваме повеќе нафта. Има 9.000 одобрени дозволи за дупчење кои не се користат. Така што сугестијата дека не им дозволуваме на компаниите да дупчат е неточна. Сугестијата дека тоа е она што го попречува или спречува намалувањето на цената на бензинот е неточна“.

Такер Карлсон:

“Дозволете ми да ви ги дадам фактите овде.” Сега, кога ќе го кажат тоа, знаете дека доаѓаат лагите. И навистина, во овој случај, тие пристигнаа веднаш. Бидејќи нафтените компании не ги искористија сите дозволи што ги добија, ни рече Џен Псаки, тоа значи дека ова е нивна вина. Тие не се трудат доволно за да произведат енергија. Можат, но не сакаат. Но, што ако нема нафта или гас под дозволеното земјиште? Во тој случај, производителите на енергија би сакале дозволи за земјиштето каде што е енергијата. Излезе дека не сакаат суви бунари. Тие сакаат бунари што течат, но не ги добиваат. Благодарение на лобито Green New Deal кое целосно ја контролира оваа администрација, тие не можат да ги добијат тие дозволи и тоа е она што се случува овде. И ако се сомневате, прашајте го секој кој работи во енергетскиот бизнис. Џен Псаки само ве излажа. Сите ве лажат. Веројатно веќе го погодивте тоа, но не можете да го кажете. Затоа што ако се прашувате што може да и прават овие политики на вашата земја или на вашето семејство, вие сте себични и нелојални. Всушност, вие не сте патриоти бидејќи вистинскиот патриотизам е грижата за Украина пред се. Патем, грижата за Украина значи продолжување на крвавата војна во Украина додека не биде уништена целата земја на Украина и милиони Украинци ќе станат бегалци. Знаеме дека можеме да го направиме тоа затоа што го направивме во Ирак. Можеме да го направиме тоа во Украина. Тоа е патриотизам.

Штом ќе го напишете, сето тоа звучи некако комплицирано, па ќе му го предадеме на нашиот морален водач во доцните часови, Стивен Колберт, да објасни.

Стивен Колберт:

„Денес, просечната цена на бензинот во Америка достигна рекордно високо ниво на сите времиња од над 4 долари за галон. Океј, тоа боде, но чистата совест вреди. Јас сум подготвен да платам. Важно е. Подготвен сум да платам 4 долари за галон. По ѓаволите, ќе платам 15 долари за галон затоа што возам Тесла.“

Такер Карлсон:

Па, нормално дека еден човек кој заработува 16 милиони долари годишно е подготвен да плати малку повеќе за бензин. Тој е подготвен да се жртвува бидејќи таков е грижлив, пристоен човек Стивен Колберт. Сега, она што е вистина е дека всушност тој не ни користи бензин бидејќи тој вози електричен автомобил од 150.000 долари.